Парламентарна делегација на конференција за миграција во Брисел

Делегација на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска во Брисел учествува на дводневна интерпарламентарната конференција на тема „Миграцијата и политиката за азил на ЕУ: Импликации за парламентите од земјите на проширувањето“.

Делегација ја предводи претседателот на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, Владимир Ѓорчев, а дел од неа се и пратениците Нада Ципушева, Рафиз Аљити и Петре Шилегов.

Конференција се одржува е рамки на Програмата за поддршка на парламентите од земјите на Западен Балкан и Турција, во организација на Европскиот парламент, Комитетот за надворешни работи и Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи.

Европратениците, членовите на комитетите и претставниците од парламентите на земјите на Западен Балкан и Турција ќе ги споделат регионалните искуства и погледите за идните предизвици со миграцијата и за политиката за азил.