Отворена е регистрацијата за обуката Women Going Digital

Станува збор за сертифицирана онлајн обука, наменета за жени кои сакаат да го прошират своето знаење и експертиза на теми поврзани со дигиталната трансформација

Илустрација: AHK Nordmazedonien

Следејќи ги трендовите кои ги диктираат компаниите и нивните очекувања од своите вработени, AHK Nordmazedonien со поддршка од GIZ North Macedonia го разви проектот Women Going Digital. Станува збор за сертифицирана онлајн обука, наменета за жени кои сакаат да го прошират своето знаење и експертиза на теми поврзани со дигиталната трансформација.

„Во време кога светот го движи дигитализацијата тешко е да се замисли професија без дигитална писменост“, велат од организацијата.

Курсот е поделен на 16 модули, кои се состојат од видеа, подкасти и дигитален водич за секој модул на македонски и албански јазик, кој што може да се следи кога и каде било.

Сите заинтересирани можат да се пријават на овој линк.