Онлајн тест за инфицираност од медиумска неписменост

Веб страницата СтопДезинформации.мк објави тест за проверка на „инфицираноста од медиумска неписменост“.

Целта на квизот е секој што ќе го направи да дознае дали умее да препознае информација на која може да ѝ се верува и зошто, дали е скриена реклама или пак е коментар, односно став на новинарот.

СтопДезинформации.мк е дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“, кој го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Институтот за комуникациски студии, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Институтот за различности во медиумите од Лондон.

Направивме квиз од вести што ги објавија домашните информативни портали за пандемијата во земјава. Кликни на линкот и…

Gepostet von СТОП Дезинформации am Dienstag, 7. April 2020