Од август поевтинува парното во Скопје од 0,5 до 1,7 отсто

За 1,71 отсто се намалува цената за потрошувачите на топланата Скопје Север, а за 0,5 отсто за корисниците на ЕСМ Енергетика

фото: Arcaion на Pixabay

Во август ќе се намали цената на парното во Скопје, најави директорот Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

Колку точно ќе се намали зависи од тоа дали ќе продолжи државното субвенционирање. Доколку продолжат субвенциите, околу 60.000 корисници ќе видат намалување од 17 отсто. Доколку престане субвенционирањето, тогаш граѓаните ќе плаќаат за 3,16 отсто пониски сметки.

За 1,71 отсто се намалува цената за потрошувачите на топланата Скопје Север и за 0,5 отсто за корисниците на ЕСМ Енергетика.

Според Бисмиловски, цените на природниот гас на пазарот се намалени и стабилизирани, поради што тој смета дека нема потреба државата и понатаму да субвенционира дел од сумата на фактурите на граѓаните.

Бислимоски апелираше да се заврши реконструкцијата на цевководот на мостот „Беласица“, со цел да биде во подготвен за употреба во претстојната грејна сезона.