Облачно и студено време

Денеска времето во целата земја ќе биде облачно со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, кои ќе бидат позастапени во западните делови.

Ќе дува слаб до умерен западен ветер, кој кон крајот на денот ќе се промени во северозападен и ќе се засилува.

Дневните температури ќе се движат од -2 до 4 Целзиусови степени.

Од АМСМ информираат дека е воведена забрана за движење на тешки товарни моторни возила на патниот правец Дебар – Струга поради снежни наноси. На другите правци, засега, нема никакви ограничувања.