Објавени се листите со примени студенти во студентските домови по поднесените приговори

Студентски дом Гоце Делчев
Студентски дом „Гоце Делчев“, Скопје / фото: Мета.мк, архивска фотографија од 06.09.2021 г.

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави листите со примени студенти од втора и повисоките години во државните студентски домови кои не беа задоволни од резултатите од Конкурсот и поднесоа приговор до 12 септември.

Списоците со примени студенти можат да се видат на следните линкови:

 Список на примени студенти во Стив Наумов 3 зграда, кои се ослободуваат од партиципација ( по приговор)

 Список на студенти кои се примени во ДСД Пелагонија , кои се ослободуваат од партиципација (по приговор )

 Список на студенти кои се сместуваат во ДСД ПЕЛАГОНИЈА (по приговор )

 Список на примени студенти во ДСД Гоце Делчев кои се ослободуваат од партиципација ( по приговор)

До овој момент МОН не ги објави списоците со примени студенти-бруцоши, кои аплицираа за сместување заклучно до 16 септември. Иако во Конкурсот беше предвидено дека резултатите ќе бидат објавени на 30 септември, во петокот, денеска -три дена подоцна студентите-бруцоши сѐ уште немаат информација за тоа дали се примени во некој од државните студентски домови, и покрај тоа што денес го имаа првиот академски час.