Обама се закани со нови санкции кон Кина

На прес-конференцијата што вчера ја одржа со кинескиот претседател Си Џинпинг, американскиот претседател Барак Обама упати нови закани за воведување санкции против Кина поради наводните кибер-кражби, кои се случија и покрај нивниот претходен договор да се спречат таквите хакерски напади.

– Ќе ги воведеме, како и сите други средства со кои располагаме, за да ги спречиме кибер-криминалците – рече Обама.

Обама посочи дека постигнатата спогодба е напредок, но додаде дека работата по ова прашање сè уште не е завршена.

Вашингтон и Пекинг за време на посетата на Си постигнаа и нови договори за зајакнување на соработката во сферата на одбраната.

Обама изјави дека со Си се договориле за отворање линии за врски за да се намалат ризиците од појавување на недоразбирања меѓу нивните армии.

– Се договоривме да ја прошириме размената и политичкиот дијалог меѓу вооружените сили на сите нивоа, да одржиме повеќе заеднички вежби и подготовки – рече Си.