Обама предупреди на пораст на национализмот и на популизмот во светот

Американскиот претседател Барак Обама денеска на 71. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации рече дека е неопходно да се продолжат дипломатските напори за решавањето на сириската криза и истакна дека не постои воено решение на судирот.

Обама, во своето последно обраќање на Генералното собрание во својство на претседател на САД, предупреди на пораст на „агресивниот национализам“ и на „грубиот популизам“ во светот.

– Не можеме да ја игнорираме таа визија која претставува одраз на незадоволството на многу граѓани. Тие визии, долгорочно гледано, не можат да пружат сигурност и просперитет – рече Обама.

Претседателот на САД повика да се „промени курсот“ во глобалните интеграции, нагласувајќи дека светот мора да ги отфрли моделите на дејствување кои постојано создаваат економска нееднаквост, нетолеранција, авторитарност и изолација.

Тој го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека се обидува со употреба на сила да ја врати старата слава на Русија, потсети дека Москва го анектираше украинскиот полуостров Крим и оти продолжува да се меша во внатрешните прашања на соседите.