Нова класа во експанзијата на Диабло 4, откриен гејмплеј од Soulframe и ликот Хеихачи се враќа во Текен 8

Spiritborn Diablo 4 скриншот од Gameplay Trailer од YouTube
Spiritborn Diablo 4 скриншот од Gameplay Trailer од YouTube

Диабло 4 летово ќе ја добие својата прва експанзија наречена Vial of Hatred каде традиционално ќе фигурира нова класа. Наместо очекувањата дека ќе излезе Paladin или барем Holy Healer класа, девелоперите на пријатно изненадување на играчите ќе додат сосема нова класа наречена Spiritborne. Станува збор за воин со стил на шаман кој комуницира со древни шумски духови од други димензии чии аспекти ги зазема.

Најпопуларен аспект е аспектот на јагуарот кој е наменет за блиска борба со брзи удари и драстична ултимативна магија. При самата анимација со AOE удар се појавува токму духот на јагуарот, слично како и со другите аспекти. Интересна додавка кога веќе се навлегува малку во детали е дека изгледот оклопот што ви го носи ликот Spiritborn како напредувате ќе се базира на најкористениот аспект. Во иднина се очекува како се развива играта да се додаваат и други животни како можни аспекти.

За Диабло франшизата имаме повеќе написи што може да се прочитаат овде. Ако ја нарачате експанзијата Vessel of Hatred пред да излезе на осми октомври годинава, добивате секакви бонуси во вид на козметика и скинови.

Игра каде аспектот на Тигар се користи тематски е и Текен 8. Тоа е особено случај во најновиот трејлер за враќањето на ликот кој се мислеше дека е мртов засекогаш – Хеихачи Мишима, таткото на Казуја Мишима и дедото на Џин Казама. Ова е најновиот трејлер за доаѓањето на овој лик во Текен 8:

Приказната се ажурира со нови најавени моменти и по она што се гледа во трејлерот – се потрудиле девелоперите на целиот таканаречен Tekken Project. Моментално најигрива 3D тепачка игра е Tekken 8 бидејќи за разлика од најновата Street Fighter игра не е толку олеснета за комбоа а во споредба со најновата Мортал Комбат не е толку комплицирана. Туку е баш златна средина помеѓу трите игри на врвот. И навистина се базира на извежбаност и скил бидејќи има еден куп позитивни промени иако ги задржува и комбоата кои луѓе ги вежбале од Текен 3 наваму. Но, има додатоци во механиките и борбени анимации при улти што се импресивни, но и содржи и многу хумор особено прифатлив и сфатлив за новите генерации.

 

Да се префрлиме на Soulframe. Секако, како и во секој друг гејмплеј трејлер борбите се преставени подобри одошто се во самата игра. Вистинската слика за тоа како делува играта ја дава YouTube-рот Asmongold со негови коментари на друго видео со играње на играта:

Тој забележува две клучни работи за играта: гејмплејот е слаб баш поради тоа што борбите изгледаат лошо, со несоодветни анимации. Втората главна забелешка му е за светлосните ефекти во играта и според негово мислење оваа игра треба да има предупредување за играчи со епилепсија. Неговата прогноза како и насловот на видеото погоре е дека оваа игра од старт ќе пропадне. За Soulframe имаме и претходен напис за првата најава што може да го прочитате овде. Ова е игра на девелоперите Digital Extremes популарни по нивната најпозната игра Warframe.