Нова канцеларија за соработка со Долна Нормандија – Македонија

Утре во 12.30 часот, во Скопје ќе се отвори новата Канцеларија за децентрализирана соработка Долна Нормандија – Македонија. Канцеларијата ќе ја отворат Лоран Бове, претседател на регионот Долна Нормандија, и Лоренс Оер, амбасадорка на Франција во Македонија.

Канцеларијата за децентрализирана соработка Долна Нормандија – Македонија е координативно тело на соработката помеѓу овој француски регион и Македонија. Таа има значајна улога во поврзување на партнери од двете територии и развивање заеднички проекти.

Оваа година се одбележуваат 10 години од почетокот на оваа соработка. Досега во рамките на соработката се реализирани повеќе од 100 размени, проекти и партнерства помеѓу општини, здруженија на граѓани, културни и образовни институции.

Институционални партнери на програмата за соработка се Министерството за локална самоуправа на Македонија и Регионот Долна Нормандија. Соработката е поддржана од Министерството за надворешни работи на Франција и од Амбасадата на Франција во Македонија. Програмата е координирана од Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА).