МВР казни 15 полицајци

Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 15 решенија против 15 вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето, во согласност со одредбите од член 206, став 1, точки 2 и 4 и член 207, став 1, точки 8 и 15 од Колективниот договор на МВР.

Притоа, на 12 вработени изречена им е парична казна, за двајца вработени е запрена постапката, а еден вработен е писмено предупреден.