Мицкоски на средба со амбасадорите на државите членки на ЕУ

Амбасадорите на државите-членки на ЕУ ја потврдиле својата поддршка за процесот на евроинтеграција на Северна Македонија и изразиле подготвеност за понатамошна соработка и помош во реализацијата на реформските процеси

Фото: Влада на РСМ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретнал со амбасадорите на државите-членки на Европската унија. Тие разговарале за актуелната политичка и економска состојба во земјата, како и за напредокот на државата на патот кон интеграцијата во Унијата.

„Мицкоски ги информираше амбасадорите за заложбите на Владата за спроведување на клучни реформи во правосудството, борбата против корупцијата, економскиот раст и инвестициите кои треба да ја приближат нашата земја до европските стандарди. Амбасадорите на државите-членки на ЕУ ја потврдија својата поддршка за процесот на евроинтеграција на Северна Македонија и изразија подготвеност за понатамошна соработка и помош во реализацијата на реформските процеси“, наведено е во соопштението од Владата.

Средбата завршила со согласност за натамошно интензивирање на соработката и зајакнување на билатералните односи во различни области од заеднички интерес.