Меркел и Давутоглу разговарале за слободата на медиумите

Германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот премиер Ахмет Давутоглу синоќа разговарале за слободата на медиумите, објави портпаролот на германската влада, Кристијане Вирц.

– Можете да претпоставите дека оваа тема била на дневен ред за време на неодамнешните разговори на германската канцеларка и на турскиот премиер – соопшти Вирц на прес-конференција, додавајќи дека разговорите следувале откако турските власти ја презеле контролата над најголемиот опозициски весник „Заман“.

Вирц додала дека за германската влада слободата на печатот има големо значење.

Турската полиција во саботата користеше солзавец и гумени куршуми за да ги растера демонстрантите пред зградата на најтиражниот весник, откако властите ја презедоа контролата на медиумот.