Меѓународна потерница за Ходорковски

Рускиот суд распиша меѓународна потерница за поранешниот нафтен магнат и бизнисмен Михаил Ходорковски и наложи негово апсење, соопшти портпаролот на Истражниот комитет, Владимир Маркин.

Потерницата е издадена откако Ходорковски, познат критичар на Кремљ, е обвинет за убиство.

На почетокот од месецов поранешниот нафтен моќник, во отсуство е обвинет дека го организирал убиството на градоначалникот на сибирскиот град Нефтејуганск во 1998 година. Приврзаниците на Ходорковски посочија дека обвинението е обид да се замолчи критичарот на Кремљ.