Либерална партија: Тодоров веднаш да си поднесе оставка

Четирите смртни случаи во четири дена во јавните здравствени установи потврдуваат дека токму отсуството на систем за квалитет и за контрола во здравствените установи е причина за ваквите трагедии, велат од Либералната партија и бараат министерот за здравство, Никола Тодоров, веднаш да си поднесе оставка.

„Либералната партија вчера укажа дека целото здравство не може да биде одговорно за ваквите несакани трагедии, а Министерството не може да биде директно одговорно за неодговорноста на поединци – доктори или медицински персонал. Но, челните луѓе во Министерството и раководствата на болниците се одговорни за отсуството на систем за квалитет и за контрола на процесите во здравствените установи, што ги причинуваат ваквите трагедии“, се вели во соопштението на Либералната партија.