Израелскиот претседател чекал 40 минути во авионот во Париз поради „безбедносна загриженост““

Израелската делегација која пристигна во Париз на Олимпијадата ја зголеми безбедноста поради заканите и повиците Израел да не учествува на Олимписките игри

Фото: President.gov.ua, CC BY 4.0 , via Wikimedia Commons

На израелскиот претседател Исак Херцог и на неговата делегација им било дозволено да излезат од авионот на парискиот аеродром дури откако поминале 40 минути во авионот „поради безбедносна загриженост“, изјавил претседателскиот портпарол, пренесоа светските медиуми.

Како што се наведува, „претседателот и неговата делегација потоа се симнале и го продолжиле распоредот според планираното“, но не се откриени детали за инцидентот, јавуваат израелските медиуми.

Весникот „Вала“ објави дека при слетувањето на авионот на покривот на аеродромот било забележано сомнително лице.

Израелската делегација која пристигна во Париз на Олимпијадата ја зголеми безбедноста поради заканите и повиците Израел да не учествува на Олимписките игри поради војната против Хамас во Газа.