Индија денеска изврши ново успешно тестирање на балистичка ракета со среден дострел од типот „агни-2“, која е способна да носи нуклеарна боева глава, соопштија индиските вооружени сили.
Ракетата, која е дел од оружјето на индиската армија, била лансирана од полигон на островот Вилар во Бенгалскиот Залив и успешно ја погодила зададената цел.
Првиот тест на ракетата од типот „агни-2“, Индија го изврши во 1999 година.