Играта Hellpoint бесплатна на GOG до 17ти јуни

Фото: Принтскрин, gog.com

Ако ви се допаѓаат игрите во стилот на Dark Souls ова е игра за вас. Играта Hellpoint e бесплатна за преземање на GOG до 17ти јуни (утре). Тешкотијата на играта е нешто помеѓу Dark Souls и Remnant from the Ashes. И во оваа игра се гине од удар-два, но е малку полесна од другите вакви игри.

Играта се случува на напуштена вселенска станица и околината е најчесто мрачна, се борите против интердимензионални чудовишта со специфичен дизајн од зомбија до демони и секакви креатури. Самата графика не е нешто особено, но се гледа дека се работи за понова игра. Една од новите механики е спуштањето по вид на единечна скала кога се симнувате во подолни нивоа, ликот лизга по скалата надолу. Ласерските пушки и пиштоли се поефективни на обични непријатели одошто на главните, додека оружје за од блиску и штит е побезбеден начин за тепање на “бос”. Штитот функционира исто како на Dark Souls и го блокира секој удар и од обични непријатели и од главните. „Босовите“ во играта се доста добро сработени а механиките на напад, повлекување, специјални удари и исто однесување во битка каде играчите можат да најдат простор да нанесат удари се репетитивни.

Во ваквиот вид на “Souls games” побројните умирања во играта се нормални, додека самата игра се учи напамет со пробување и грешки, а оживувате кај претходните checkpoint-и. Стадиумот да не се умира во играта го достигнуваат тие што најмногу ја играле. Играта може да се игра и со двајца играчи каде што заедно се борите против непријателите. Максимумот на играчи е најмногу двајца, дури постои и co-op multiplayer опција да играте на поделен екран.

Исто така приказната е мистериозно оставена на самите играчи да ја откријат како прогресираат понатаму и понатаму во играта. Има машини со вештачка интелегенција со кои можете да зборувате и да поставувате прашања и тие ја објаснуваат целата приказна чекор по чекор со секоја нова машина доколку го имате предметот “Mind in Cube”.

Од ваквиот тип на игри Hellpoint се смета за една од позабавните.