„Хуавеи“ го претстави новиот фаблет со тенки рабови

„Хуавеи“ и официјално го претстави својот нов фаблет од средба класа, „аscend GX1“. Уредот, кој се истакнува со речиси непостоечките рабови околу шестинчниот ИПС-екран со резолуција од 720 пиксели. Во однос на куќиштето, екранот претставува 80,5 отсто од предната страна на уредот.

Од останатите спецификации тука е и 64-битниот процесор „snapdragon 410 SoC“ со четирипроцесорски јадрен такт од 1,2 гигахерци, работна меморија од еден гигабајт, простор за зачувување податоци од осум гигабајти (може да се прошири со СД-микрокартичка) задна камера од осум мегапиксели со ЛЕД-флеш и предна од два мегапиксели со сензор.
Што се однесува до поврзувањето, достапна е поддршка за „4G LTE“, „NFC“, блутут 4.0, Wi-Fi иGPS/ A-GPS.

Исто така, тука е поддршката за две СИМ-картички и батерија со капацитет од 3500 милиапери на час. Оперативниот систем е „андроид“, односно верзијата „киткет“, со интерфејс на „Хуавеи“, наречен „emotion UI“.

Цената на фаблетот на кинескиот пазар изнесува 255 долари, а засега нема информации дали ќе се најде и на другите пазари.