Хрватски државјанин киднапиран во Египет

Хрватскиот државјанин Т.С. (1984) е киднапиран на 22 јули на подрачјето на Каиро, додека со службен автомобил патувал на работа во француска компанија.

Неговиот автомобил бил пресретнат од вооружена група која го присилила да го напушти возилото, а потоа бил одведен во непознат правец, соопшти Министерството за надворешни работи на својата интернет-страница, пренесува „Јутарњи лист“.

Минстерството ги презема сите потребни мерки, а заедно со амбасадата на Хрватска во Каиро и со другите хрватски институции, е во контакт со надлежните институции во Египет, делегацијата на ЕУ во Каиро, француската компанија, како и партнерските служби за да добијат каква било информација за Хрватот.