ХЕРА: Унапредувањето на правата на жените и девојките води кон подобро општество

Во Лидерската група е голем и во неа има претставници на политичките партии, академската заедница и културата, граѓанските организации, верските организации, медиуми и комори, кои може да лобираат и придонесат за родово сензитивни и родово одговорни политики

Фото: ХЕРА

Промоција и унапредувањето на правата на жените треба да биде приоритет за целото општество, е главната порака од денешниот состанок на Лидерската група за родова еднаквост кој се одржа во Скопје, во организација на ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација во соработка со партнерите од повеќе сектори во македонското општество.

Kaко што информираат во ХЕРА, членовите на Лидерската група истакнале дека е потребно зголемено политичко учество на жените, учество во јавната сфера на живеење и нивно економско зајакнување.

„Жените во македонското општество се соочуваат со значителни препреки во пристапот до пазарот на трудот и постигнувањето еднаква плата за иста работа. Неплатените обврски за грижа дополнително го попречуваат вклучувањето и унапредувањето на жените како дел од работната сила и со тоа ја пролонгираат и одржуваат нивната економска неповолност. Создавањето на национална иницијатива за родова еднаквост како структура што ќе промовира и лобира за политики кои во себе ја содржат родовата основа и ги штитат правата на жените“, истакна извршната директорка на ХЕРА Мила Царовска, извршната директорка на ХЕРА.

Таа додаде дека е охрабрувачки што интересот за членување во Лидерската група е голем и во неа има претставници на политичките партии, академската заедница и културата, граѓанските организации, верските организации, медиуми и комори, кои може да лобираат и придонесат за родово сензитивни и родово одговорни политики.