Луна, Ана и Хана се имињата кои граѓаните ги избраа за трите бели лавчиња од скопската зоолошка градина.
„Изминатите денови добивме над 3000 предлози за имиња на трите женски лавчиња во кутиите оставени пред влезот на зоолошката градина, но и на Фејсбук страниците на Скопје ЗОО и Град Скопје. Ви благодариме што бевте креативни и што придонесовте заеднички да ги одбереме имињата за овие три мали убавици. Внимателно ги прочитавме сите предлози и најголем број од нив беа за Луна, Ана и Хана. Да ни се живи и здрави и да нè радуваат уште многу години“, соопштија од ЗОО Скопје.
Откако лавчињата малку потпораснаа и беа пуштени и во надворешното живеалиште, надлежните објавија повик до граѓаните да бидат „кумови“. Сите заинтересирани можеа во текот на една недела да предложат имиња напишани на ливче и да ги остават во кутиите кои беа оставени пред влезот на Зоолошката градина, но и на Фејсбук страниците на Скопје ЗОО и Град Скопје.
Белите женски лавчиња се родија во март оваа година, а ваква принова во скопската зоолошка градина се случи по повеќе од 20 години.
По повеќе од 20 години во ЗОО – Скопје се родија три лавчиња [Фото]