Груевски: Спортските објекти се еден од приоритетите во програмата на ВМРО-ДПМНЕ

„Инвестициите во спортот и за младите продолжуваат, ќе се реализираат уште многу проекти и она што е ветено од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде реализирано како и во сите досегашни случаи. Спортските објекти се еден од приоритетите во програмата на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по посетата на Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“.

– Годинава целосно ќе биде завршена спортската сала во студентскиот кампус „Свети Кирил и Методиј“, во која ќе има трибини за 2.000 гледачи, а ќе се заврши и спортската сала во населбата Ченто. Изградба на нови сали ќе почне во Охрид, Бучим, Крушево, во ОУ „Кочо Рацин“ во Скопје, а ќе се завршат и повеќе од десет училишни спортски сали низ целата земја – изјави Груевски.

Тој рече дека за годинава е предвидена и изградба на 22 мултифункционални игралишта и на 18 тениски терени.