Груевски побарал да се сретне со Бајден

Средбата помеѓу премиерот Никола Груевски и американскиот потпретседател Џо Бајден во Вашингтон се одржува на барање на македонската влада, велат од Амбасадата на САД во Скопје за порталот „Нова“.

„Владата на Македонија побара средба помеѓу премиерот Груевски и потпретседателот Бајден, која се одржува денеска за да разговараат за примената на Договорот од Пржино, безбедносни прашања и за други теми од заеднички интерес“, се вели во соопштението испратено од амбасадата.

Средбата ќе се одржи во 21 часот по македонско време.