Вајгл, Кукан и Ховит бараат истрага

Преку заедничко соопштение, денеска реагираа и тројцата европратеници кои посредуваат во преговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Брисел, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит.

„Длабоко сме загрижени поради настаните во Куманово овој викенд. Ги осудуваме сите насилни акции против јавниот ред и обидите да се дестабилизира ситуацијата во земјата. Изразуваме сочувство до семејствата на луѓето што ги загубија своите животи. Овие настани мораат да бидат јасно и транспаретно истражени, во согласност со владеењето на правото. Сакаме, исто така, да ја повикаме македонската јавност да не дозволи понатамошна ескалација на тензиите“, стои во соопштението.

Тие ги повикуват сите политички лидери во земјата да се однесуваат одговорно и да се воздржат од изјави што би можеле да ја нарушат стабилноста на земјата.

„Уште еднаш повторуваме дека сите обвинувања за малверзации што беа јавно објавени мораат да бидат серизно истражени, а оние за кои ќе се утврди дека се одговорни, треба да понесат одговорност за нивните дела, со целосно почитување на принципите на транспаретност, непристрасност и почитување на презумцијата на невиност. Исто така, бараме од политичките партнери да ги зајакнат напорите за сериозен ангажман во политички дијалог на највиско можно ниво за да се реши политичката криза. Ние сме подготвени да продолжиме да даваме наша поддршка и олеснување на дијалогот кој треба да води кон дескалација на политичките тензии и кон решавање на недостатоците на политичкиот систем во Македонија. Наша заедничка цел е да ја видиме Македонија повторно на патот кон евроатлантска интергација“, стои во соопштението на тројцата европски пратеници.