Европарламентот „во принцип“ ја призна Палестина за држава

Европскиот парламент денеска усвои резолуција со која „во принцип“ ја признава државноста на Палестина. Вкупно 498 пратеници гласале „за“ резолуцијата, додека 88 биле „против“.

„Европскиот парламент во принцип ја признава државноста на Палестина и решението на двете држави и верува дека тоа би требало да оди рака под рака со развојот на мировните преговори, кои би требало да напредуваат“, се наведува во резолуцијата.

На гласањето 111 пратеници гласале воздржано.

Досега само неколку од 28 земји-членки на ЕУ веќе ја поддржуваат идејата за целосно признавање. Шведска е единствената членка која ја има признаено Палестина.

Гласањето доаѓа непосредно пред Палестинците да ја поднесат резолуцијата прес Советот за безбедност на Обединетите нации, со која се бара Израел во рок од две години целосно да се повлече од Источен Ерусалим и од Западниот Брег.