Евролибералите поддржуваат почеток на преговори со Македонија до крајот на годината

Северна Македонија постигна неверојатен успех во изминатите две години, претворајќи се од авторитарно општество во отворена демократија. Успесите во решавањето на проблемите со соседите имаат далекусежни последици. Сите ние, вклучително и нашите партнери од Франција од партијата на претседателот Макрон, тоа мора да го поддржиме и да го испорачаме ветеното за почеток на преговорите за членство во ЕУ до крајот на оваа година. Ќе разговараме со сите ова да се гарантира.

Ова е заклучокот на претседателот на Советот на партијата на Европските либерал-демократи (АЛДЕ), Ханс ван Бален, од владеачката холандска Либерална партија на премиерот Марк Руте, за време дебатата на лидерската средба на АЛДЕ овој викенд во Цирих, Швајцарија на која во име на ЛДП учествуваше Емил Кирјас.

Фокус на дискусиите на АЛДЕ, чиј полноправен член е Либерално-демократската партија, беше најдобриот резултат на Европските либерал-демократи во историјата на изборите за Европскиот парламент. Како водечка сила во третата по големина група во Европарламентот „Обнова на Европа“, ќе следи зголемено учество и влијание на АЛДЕ во одлуките кои се носат во Брисел на сите нивоа. Се очекува во текот на оваа недела да се знае кои точно клучни позиции во ЕУ ќе им припаднат на либерал-демократите.