Експлозија на цистерна со гориво во САД

Цистерна со 34.000 литри гориво експлодирала на автопат во јужниот дел на Њу Џерси, САД.
Американските медиуми пренесуваат дека цистерната од непознати причини се превртела, по што горивото се запалило и предизвикало експлозија.

Возачот на камионот успеал да излезе од кабината пред да се случи екплозијата.

Инцидентот се случил денеска, а објавените снимки покажуваат дека цистерната која е во пламен, се наоѓа само на неколку метри од станбена зграда. Димот се гледа и од Филаделфија, која е одалечена осум километри.

Пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот, а од превентивни причини евакуирани се околните куќи, додека сообраќајот е целосно во прекин.