Еколошка тревога кај Канарските Острови

Шпанската влада прогласи еколошка тревога поради нафтената дамка што им се заканува на чистите плажи на југозападните Канарски Острови.

Владата прогласи еколошки аларм од второ ниво, откако шпанскиот Океанографски институт објави податоци дека нафтената дамка би можела да се прошири до брегот на Канарските Острови и да ја загрози чувствителната област, особено популарна меѓу туристите.

Една плажа е исчистена од нафта, додека во тек е операција за чистење на уште три, во близина на популарната туристичка дестинација Маспаломас, на островот Гранд Канарија.

Рускиот рибарски чамец „Олег Најденов“, кој превезувал 1.400 тона гориво, на 11 април се запалил во близина на пристаниште, а потона три дена подоцна.