Еден загинат и двајца тешко повредени во сообраќајка со четири возила близу Гевгелија

Од здобиените повреди починал Б.Ј. (63) од с. Богородица, гевгелиско, кој возел Опел Корса, а тешко била повредена и неговата сопатничка Е.Ј. (63). Тешко повреден е и Б.М. (48) од Македонска Каменица, кој возел Мерцедес со регистарски таблички од друго возило и криумчарел седуммина мигранти од Сирија

Фото: Rico Löb from Pixabay

Едно лице загинало и уште две лица се тешко повредени во сообраќајка на патот Гевгелија – Богданци во која биле вклучени четири возила, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од здобиените повреди починал Б.Ј. (63) од с. Богородица, гевгелиско, кој возел Опел Корса, а тешко била повредена и неговата сопатничка Е.Ј. (63). Тешко повреден е и Б.М. (48) од Македонска Каменица, кој возел Мерцедес со регистарски таблички од друго возило и криумчарел седуммина мигранти од Сирија.

Покрај Мерцедесот и Корсата, во сообраќајната несреќа биле вклучени и возило Хјундаи, управувано од Д.Т. (42) од Гевгелија, како и уште еден Мерцедес управуван од Ѓ.Ќ. (37) од Стојаково.

Несреќата се случила сношти околу 19:30 часот на мостот на реката Вардар, а телесни повреди имале и мигрантите.

Увид на местото извршиле екипа на Полициската станица Гевгелија и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.