ДПА го потврди учеството на изборите на централното собрание на партијата

На седница на централното собрание на ДПА, било потврдено учеството на партијата на претстојните избори на 24 април.

– Ќе излеземе на овие избори и нема да бојкотираме затоа што тие што претпочитаат бојкот на овие избори, од друга страна подготвија десетина мали партии што се т.н. албански и се подготвени да ги „извадат“, во оној момент, ако ние одлучиме да бојкотираме – изјави секретарот на партијата Азим Садики, кој бил избран за претседател на изборниот штаб на партијата.