Џафери: Зборовите „слободни и фер избори“ изгубиле значење во Македонија

„Во Македонија нема единство од политичките партии за Рамковниот договор. Која партија ќе вработи повеќе луѓе, таа победува на избори“, изјави вицепремиерот во Владата на Република Македонија, задолжен за Рамковниот договор, Муса Џафери на денешната конференција посветена на овој договор во Скопје.

– Зборовите „слободни и фер избори“ изгубиле значење во оваа земја – рече Џафери.