Денеска во Скопје се отвора изложбата „The museum I didn’t ask for“

Во просторот Art Hub (ГТЦ, 2-ри кат) денеска, со почеток од 18 часот, ќе се отвори изложбата „The museum I didn’t ask for“. Оваа активност е дел од “Radical idea: EquALLity” спроведувана од Linking, Engagement, Advocacy and Development – LEAD стипендистката Сашка Стефановска, финансиски поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Изложбата ги вклучува приказните на жртвите на родово-базирано насилство, кои го споделуваат своето искуство и се ослободуваат од товарот, оставајќи ги зад себе предметите и асоцијациите кои ги потсетуваат на насилството и кои се изложени во галеријата. Поставката ќе биде отворена за посетителите до 10 јули.

„The museum i didn’t ask for е приказна за родово-базираното насилство и вознемирување кој исто така на сатиричен и хумористичен начин го исмејува сексистичкото однесување преку штетни фрази кои често се употребуваат во општеството. Целта на проектот е да се подигне свеста за насилството, да се пружи поддршка на жртвите и да се развие поголема емпатичност и разбирање во општеството“, наведува Сашка Стефановска.