Заменик-градоначалникот и бизнисмен Енвер Малиќи починал како резултат од компликации од ковид-19.

Малиќи беше сопственик на компаниите „Гемак трејд“ и на „Парк хотел и спа“, а водеше и бизниси и на Косово и Албанија преку неговата компанија „Гекос груп“.

Малиќи во 2017 години беше назначен за заменик-градоначланик на Град Скопје, а во 2018 година стана и почесен конзул на Мексико во нашата држава.