Албанската опозиција на антивладин протест во Тирана

Лидерот на опозицијата во Албанија, Лулзим Баша вчера објави дека денеска ќе се одржи масовен атнивладин протест со почеток од 12 часот

Во неговата порака тој истакна дека ќе протестираат против неправда, лошо владеење и против сиромаштија.

Тој ги повика сите граѓани да учествуваат во протестот. Според него сите оние кои се противат на овој собир на луѓе се истите тие кои сакаат Албанците да останат „поробени“.

Баша ги повика луѓето да не им веруваат на провладините медиуми кои пишуваат дека протестот ќе биде насилен и порача дека „нашата сила не е насилството, туку единството, храброста и соништа за иднината“.

Моментално стотици граѓани се собираат на главниот булевар во Тирана, а единствениот кој што е најавен дека ќе одржи говор е Лулзим Баша.

Заради безбедност, американската амбасада во Тирана до своите граѓани кои живеат во Албанија упати апел да избегнуваат движење во близина на местото каде ќе се одржува протестот.