ЕСМ: Опожарениот топловод под мостот „Беласица“ ќе биде тргнат во најкус можен рок

И покрај опожарувањето на мостот, во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023 ќе има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа, уверуваат од ЕСМ

фото: ЕСМ

ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе го отстрани опожарениот топловод на мостот „Беласица“ во најкраток можен рок, информираат оттаму. Како што е наведено во соопштението, почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија и проверки на состојбата на мостот од релевантни институции и компании.

„ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе вложи максимални напори отстранувањето на опожарениот топловод на мостот да се заврши во најкраток можен рок. И покрај опожарувањето на мостот, во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023 ќе има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа“, уверуваат од претпријатието.

На 12 мај околу полноќ избувнал пожар под мостот кај Транспортниот центар. Пожарникарите неколку часа ги гаселе пламените јазици. Оттогаш, мостот е вон употреба.