СДСМ вo петок ќе реши кога ќе ја објави „бомбата“

Во петок, во 18 часот, на Централен одбор, СДСМ ќе одлучи кога ќе се објави бомбата, одоговри денеска на новинарско прашања портпаролот на партијата, Петре Шилегов. Тој, на прес-конференција, кажа и дека забраната за која зборува Јавното обвинителство (ЈО) не се однесува на докaзите со кои располага СДСМ и кои ќе бидат објавени пред јавноста. Исто така, таа не се однесува на медиумите што ќе ги објават доказите кои СДСМ ќе ги презентира.

– Сметаме дека конфузното соопштение на Јавното обвинителство не е ништо друго освен јалов обид да се спречи објавувањето на доказите и на документите за криминалното владеење на Никола Груевски и на неколкумина поединци околу него. Законот за кривична постапка не забранува објавување материјали што можат да бидат предмет на понатамошна истрага – рече Шилегов.