Розовите фламингоа „слетаа“ во нашата градина (галерија)

Скопската зоолошка градина стана побогата за неколку примероци големи птици што важат за најграциозните на светот – фламингоа.

Иако кризата со ковид-19 ја поматува оваа слика, скопската Зоолошка градина е отворена за љубителите на фауната што се подготвени да ги гледаат овие птици, почитувајќи ги мерките на претпазливост што се на сила.