Петстотини бесплатни стрипови ќе бидат поделени утре во книжарницата „Бункер“

Фото: Книжарница „Бункер“

Петстотини бесплатни стрипови ќе бидат поделени утре во стрип книжарницата „Бункер“ во Скопје. Настанот ќе почне во 10 часот и ќе трае додека не се потрошат количествата. Ваков настан за првпат се одржал во САД во 2002 година, а потоа се проширил во многу други земји.

„Во првите шест години се поделени повеќе од 12 милиони стрипови во над 30 земји. Целта е промовирање и ширење на стрип културата. Бројката на бесплатни стрипови кои ќе се поделат расте, бидејќи во акцијата се вклучуваат голем број домашни издавачи и поединци“, велат во „Бункер“.

Стриповите ќе бидат делени по принципот „прв дојден, прв услужен“. Секој ќе има право да земе најмногу два стрипови. „Бункер“ ќе понуди и 30 отсто попуст на останатиот асортиман.