МВР почна да издава нови регистерски таблички со ознака NMK

Министерството за внатрешни работи од денеска почна да издава регистерски таблички со ознака НМК.

„Регистарска табличка со ознака НМК ќе добиваат возилата што подлежат на прва регистрација во државата и оние граѓани што ќе пријават оштетена регистерска табличка. Останатите граѓани промената ќе треба да ја направат до 2024 година, а до тогаш ќе можат да ги користат постоечките таблички и при излегување од државата ќе добиваат бесплатна налепница НМК“, велат од МВР.