Боко харам зазеде воена база во Нигерија

Припадниците на исламистичката група Боко харам зазедоа воена база во североисточниот нигериски град Бага.

Како што јавуваат светските медиуми, во базата, во која се наоѓа штабот на мултинационалните сили од Нигер, Нигерија, Чад и од Камерун, во моментот на нападот се наоѓале само нигериски војници.