Бачев: ДИК не ги отфрли нашите листи од правни причини

Државната изборна комисија денеска на седница одлучи дека ВМРО-ДПМНЕ е единствена политичка партија што ќе учествува на предвремените парламентарни избори на 5 јуни.

Причината за ова, како што велат од ДИК, е тоа што од НДМ не ги отстраниле недостатоците во нивните листи со кандидати за пратеници, а од СДПМ ги повлекле своите.

Јанко Бачев од НДМ на ова вели дека утре ќе објавел документи зошто нивните кандидатски листи не се прифатени.
„Народно движење за Македонија утре ќе одржи прес-конференција на која ќе сподели со јавноста документи за скандалозната одлука на ДИК да ги отфрли кандидатските листи на НДМ спротивно од Изборниот законик, односно, не од правни причини, туку од сосема други причини“, пишува во најавата од НДМ.