Почувствуван земјотрес во југоисточниот дел на Македонија

Денеска, во 13.10 часот, во југоисточните делови на Македонија, е почувствуван земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала.

Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 120 километри југоисточно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.