Давутоглу: Турција нема да падне на колена поради руските санкции

Руските економски санкции нема да ја фрлат на колена Турција, изјави турскиот премиер, Ахмет Давутоглу.

– Тие што мислат дека може да ја турнат Турција на колена со економски санкции, грешат – изјави Давутоглу.

Тој истакна дека Анкара не планира да се извини поради тоа што ги „бранила своите граници“, додавајќи дека Турција „не може да дозволи“ авион да го нарушува воздушниот простор на државата пред бомбардирање на област каде живеат Туркмени во Сирија.