Столтенберг: НАТО и ЕУ мора да дејствуваат обединето против тероризмот

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека алијансата мора да соработува со другите земји во борбата против тероризмот и екстремизмот.

– Мораме да бидеме внимателни, одлучни и обединети. Ќе ги засилиме нашите напори и одблиску ќе соработуваме со другите земји за да се избориме поротив екстремизмот, кој може да инспирира и други ужасни напади. НАТО и ЕУ мора да дејствуваат согласно – изјави Столтенберг на годинешната конференција на Европската агенција за одбрана во Брисел.