Никола Попоски во дводневна работна посета на Брисел

Попсоки утре ќе учествува на дебата „ЕУ, Западниот Балкан и регионалната стабилност

Земјите-членки на Европска Унија да преземат одговорност за почетокот на преговорите за членство на Македонија во Унијата, бидејќи земјата веќе шест години добива препорака, а преговорите никако да почнат, им порача министерот за надворешни работи Никола Попоски на своите соговорници, пратеници во Европскиот парламент, со кои денеска се сретна во Брисел.

Министерот е во дводневна работна посета на Брисел. Утре ќе учествува на дебата „ЕУ, Западниот Балкан и регионалната стабилност“ во организација на германската фондација „Ханс Зејдел Штифтунг“, а потоа ќе се сретне и со новиот еврокомесар за преговори за проширување, Јоханес Хан.