Јоханес Хан нема да дојде на лидерската средба в понеделник во Скопје

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, нема да присуствува на лидерската средба што ќе се одржи в понеделник, а на која ќе се направат последни обиди да се постигне договор меѓу лидерите на опозицијата и на власта за решавање на политичката криза, информира „А1 он“.

– Комесарот нема да присуствува на средбата, но останува во контакт со соговорниците и ги остава каналите за комуникација отворени – изјави портпаролката за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Маја Коцијанчиќ.