351 пријавени од сите континенти на Меѓународнот салон за стрип „Велес 2024“

Според Томе Трајков, програмскиот координатор на Стрип центарот на Македонија, големата бројка се должи на засилената работа и контакти со млади таленти

Од минатогодишното отворање на Меѓународниот салон за стрип. Фото: Стрип центар на Македонија

Рекордни 351 автори од сите континенти се пријавија на 21 единаесеттиот по ред Меѓународен салон за стрип „Велес 2024“, информираат организаторите. Сите пристигнати дела ќе бидат прегледани од жири комисија составена од стрип и ликовни дејци од Велес, а дел од нив ќе бидат изложени на свеченото отварање на Меѓународниот стрип салон во Велес на 20 август.

Според Томе Трајков, програмскиот координатор на Стрип центарот на Македонија, големата бројка се должи на засилената работа и контакти со млади таленти од Македонија.

„Многу радува податокот за откривање на нови стрип имиња од македонската стрип сцена коишто заслужуваат поголема афирмација и внимание.Тоа е секако одраз и на реализацијата на соработка со училиштата ширум државата, како и со ликовните педагози. Исто така, медиумска промоција на стрип настани во странство на кои учествува македонската стрип сцена секако дека има позитивно влијание“, смета тој.

Што се однесува до мегународните контакти, добра основа е постојаната соработка со стрип-сцената од поранешните југословенски републики, но и комуникацијата со автори од сите континенти, вклучително и Тајван и Америка.

„За зголемување на нивниот број секако треба и зголемена поддршка од страна на донаторите како на пример, зголемен фонд на награди, присуство на наградените автори на свеченото отварање, составување на жири од меѓународни стрип автори“, потенцира Трајков.

Мегународниот стрип салон во Велес, како и другите активности, е финансиран од Министерството за култура и од општина Велес.