Во Вашингтон почина поранешниот министер за информирање на Русија

Поранешниот руски министер за информирање, директор на компанијата „Газпром-медија“ и идејниот творец на ТВ-каналот „Раша тудеј“, Михаил Лесин, починал во Вашингтон на возраст од 58 години.

Лесин починал по долга болест, а беживотното тело на рускиот бизнисмен и некогашен советник на рускиот претседател Владимир Путин, е пронајдено во четвртокот наутро, во хотелот „Дипон сркл“ во центарот на градот.

Во петокот, член на неговото семејство соопшти дека Михаил починал од срцев удар.
Според првичните информации, не се пронајдени траги од насилна смрт, a собата била резервирана на името на Лесин, но во неа не се пронајдени никакви документи поради што идентификацијата траела подолго.

Засега не е знае причината поради која Лесин престојувал во Вашингтон, а за разјаснувањето на околностите околу неговата смрт, ангажирани се американските власти и претставници од Русија.