ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ Битола го копира деструктивното однесување на Заев

СДСМ во Битола, во отсуство на идеја за конструктивни решенија и програма, само го копираат деструктивното однесување на претседателот на партијата, Зоран Заев, смета Игор Хаџиевски, секретарот на ВМРО-ДПМНЕ Битола, по денешната пријава од битолскиот разгранок на СДСМ за градоначалникот Владимир Талески.

„ВМРО-ДПМНЕ се залага за целосно и неселективно почитување на Уставот, законите и на институциите, пред кои сите, без исклучок, сме одговорни и секој што постапил спротивно, а за тоа има цврсти аргументи и докази, неселективно треба да биде повикан на одговорност“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додават дека СДСМ сака да дели правда по сопствена желба, со креирани и со незаконски аргументи, само за да дојде на власт.

– Само пред некој ден граѓаните им кажаа дека не сакаат „бомби“, туку конкретни дела за подобрување на животниот стандард и на економскиот развој на Македонија – велат од ВМРО-ДПМНЕ.